Избеган затвореник силувал и убил 10 – годишно девојче

август 1, 2012 22:15
Избеган затвореник силувал и убил 10 – годишно девојче


Пронајден бил русинот кој ѕверски уби десет годишно девојче во Пјатигорск. Осомничениот е серискиот силувач Владимир Амбарцумов (40) кој бил бегалец од затвор.

Успеал пред еден месец не забележан да ги напушти затворските решетки, додека бил на одлежување на затворска казна за сексуална злоупотреба. Веќе имал и втора пријава за силување на уште една млада жена.

Амбарцумов, раскажал како го намамил девојчето да појде со него во планината. Рекол дека на ученичката и понудил работа како промотор и било потребно да појде со него за да ги договорат деталите, што досега за руската истрага беше најголема мистетија, како успеал без противење да го намами девојчето.

Убиецот тој ден заминал на детското игралиште каде рекол дека му треба промотор кој ќе дели флаери и ќе нуди на продажба козметика, притоа потенцирајки дека десет годишната Ања била идеална за таа позиција. Бидејки била од сиромашно семејство девојчето веднаш ја прифатило понудата за брза заработувачка во текот на одморот. Откако видел дека е заинтересирана, Владимир ја повикал да тргнат до канцеларијата да ги договорат деталите и притоа и ветил дека ќе ја научи на сите тајни на занаетот.

Не предосеќајки ништо малата Ања тргнала со него, но убиецот наместо во канцеларијата ја однел во планината каде ја силувал и ја убил.

Руските истражни органи потврдиле дека на телото на убиецот имало гребаници и траги од борбата со девојчето за време на убиството.

Безживотното тело на малата Ања било пронајдено два дена откако била пријавена за исчезната. Во меѓувреме полицијата добила уште една пријава од жена за силување од истиот човек извршено неколку дена пред убиството на девојчето. Истрагата била фрапирана од податокот дека по првото силување не побегнал од градот туку се осмелил и извршил убиство врз десет годишно девојче.

Дека тој бил лицето кое ја грабнало малата Ања потврдиле и снимките од безбедносни камери поставени во градот, а подоцна тоа го потврдиле и ДНК анализите. Владимир Амбарцумов добил мерка притвор од два месеци додека е во тек истрагата за случајот.





Можеби ве интересира:




Facebook

Twitter

BezPardon.Mk