Ужасна смрт: Баба истури врела супа врз две и пол годишно девојче!

август 3, 2012 15:01
Ужасна смрт: Баба истури врела супа врз две и пол годишно девојче!


Дете на две и пол години почина, откако било буквално варено. Трагедијата се случила во рускиот град Артјом. Истражувачките органи не исклучуваат дека за смртта на девојчето се виновни нејзини роднини. Наводно, девојчето било во домот заедно со пријател на мајка и, кој си “потпивнувал” со неговата 68 – годишна мајка, пензионер.

Бидејќи детето било гладно, побарало храна, но изгледа дека молбата му била упатена “во погрешен” момент, во врвот на појанката.

Тоа ја разбеснило старицата и според зборовите на човекот, таа во гнев го грабнала трилитарскиот лонец, полн со врела супа и го истурила врз девојчето!

Ужасните  врисоци од болка на детето ги чуле соседите, кои повикале брза помош.

Девојчето било хоспитализирано во болница во Владивосток, но добиените изгореници биле пре големи и по два дена тоа починало.

Пензионерката ја негира вината и тврди дека детето само го превртело тенџерето.

Во текот на истрагата се покажало дека пред помалку од една година загинатото девојче било претепано од пријателот на мајка и. Тогаш на девојчето и биле скршени двете раце и му била нанесена повреда на главата.

Девојчето три месеци лежело во болница. Потоа детето поминало осум месеци во мајчин дом, по што социјалните власти одлучиле да го вратат на мајка му.

Само по неколку дена од враќањето се случила фаталната трагедија.





Можеби ве интересира:




Facebook

Twitter

BezPardon.Mk